Свет

Разбиена албанска криминална мрежа

Во координирана полициска акција во 10 земји Европол растури албанска организирана криминална мрежа која шверцувала кокаин од Јужна Америка во Европа и доведе до апсење на 20 осомничени, соопшти денеска полициската агенција на ЕУ.

Бандата, позната како Компанија Бело, била една од најактивните европски мрежи за шверц на кокаин, според Европол, кој помогнал да се координираат серија рации на стотици полицајци во вторникот, што доведе до апсења во петгодишната истрага предводена од Италијанци.

Групата е невообичаена во масовната меѓународна трговија со дрога со тоа што го контролирала секој аспект од синџирот на снабдување, од организирање испораки на дрога од Јужна Америка до дистрибуција низ Европа, изјави Јари Лиуку, директор на Центарот за тежок и организиран криминал на Европол.

Бандата дури го втиснувала своето лого и логоата на другите криминални групи за кои увезувала дрога, на пратките кокаин што биле транспортирани во Европа и честопати дистрибуирани во автомобили со скриени оддели за да ја скријат дрогата и недозволената готовина.

За време на петгодишна истрага, уште 84 членови на бандата биле уапсени во Италија, Еквадор, Холандија, Велика Британија, Швајцарија и Германија.

За време на истрагата, полицијата запленила скоро четири тони кокаин и повеќе од 5,5 милиони евра во готово.

Осомничените се соочуваат со обвиненија за меѓународна трговија со дрога и убиства.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе