Вести Македонија

Бочварски: ДУП за Расадник не е одобрен, сега е време фелата и граѓаните да реагираат

Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска им упати совет на граѓаните од Општина Кисел Вода, урбанистите и советниците да реагираат доколку сметаат дека Деталниот урбанистички план, со кој во Расадник (градска четврт Ј-14) се планирани 90-ина згради, е против нивните интереси.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, Бочварски рече дека тој ДУП сѐ уште не е донесен и сега е моментот преку јавноста и граѓаните да се работи на усогласување со реалните потреби.

„Сега е моментот за фелата, советниците и граѓаните“,

изјави Бочварски, кој ја објасни улогата на Министерството во донесувањето на ДУП.

„Откако ќе биде одобрен од советниците, потоа тој доаѓа на согласност во Министерството, каде што се гледа усогласеноста и со законите, но не навлегуваме во интересите на општините. Таков е законот. Ние вршиме контрола со која не сме дозволиле во изминатите месеци и години да поминуваат ДУП на брза лента без да се направи увид во одреден проблем“,

рече Бочварски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе