Вести Економија

Осум милиони евра за енергетска ефикасност на домаќинствата и конкурентност на фирмите

Осум милиони евра преку две кредитни линии ќе бидат вложени за поттикнување инвестиции кај домаќинствата за енергетска ефикасност и за подобрување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија.

Парите се обезбедени од НЛБ Банка преку Европската банка за обнова и развој. Пет милиони евра се наменети за поддршка на малите и на средните претпријатија, а три милиони евра за домаќинствата за инвестиции во зелена енергија.

Условите за кредитите ќе бидат објавени во текот на следните два дена. Генерално, кај правните лица периодот на отплата ќе биде пет години, со грејс период од една година. Каматните стапки ќе се движат од 3 до 5 проценти. Кај физичките лица ќе има два продукти – еден потрошувачки кредит до 10 илјади евра и еден станбен кредит до 50 илјади евра. За заедница за станари висината на кредитот ќе биде до 300 илјади евра.

Договорите за кредитните линии денеска ги потпишаа Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје и Анди Аранитаси, претставник на ЕБОР за Северна Македонија.

Директорот на НЛБ Банката, Аргир се надева дека новите кредитни линии, со кои банката ја збогатува својата понуда, ќе понудат интерес кај клиентите.

–  Со потпишувањето на овој договор со ЕБОР покажуваме дека и во ситуација на криза, остануваме на определбата за развојни проекти, рече Аргир.

Претставникот на ЕБОР, Аранитаси им порача на граѓаните да не се двоумат и да инвестираат во енергетската ефикасност.

– Граѓаните не треба да размислуваат за инвестиција во домовите, туку да ја реализираат, порача Аранитаси.

Денешното потпишување на двете кредитни линии е резултат на 20-годишната соработка на НЛБ Банка со ЕБОР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе