Вести Македонија Најважни

„Саса“ ќе треба да плати глоба од 100.000 евра за загадување на Каменичка река

Матна и сива е суште водата на Каменичка река по излевањето на јаловината од новото рударско езеро, каде што се одлага отпадната вода при производството на оловоцинковиот концентрат во погонот флотација. Каменичка река во должина од девет километри е мртва река, спортските риболовци вчера проценија дека од новото хидројаловиште истекле 3.000 метри кубни јаловина, а оваа нивна проценка денеска се потврди и во соопштението на Државниот инспекторат за животна средина.

Овој материјал разлеан со вода од реката Каменица довел до заполнување на зафат на мала хидроелектрана и речното корито на реката притоа загадувајќи ја со јаловишен материјал од хидројаловиште бр.4. кое било и се гради од песок на хидроциклони со насипување во влажна состојба, соопштија од Државниот инспекторат за животна средина. 

По вчерашниот еколошки инцидент рудникот Саса ќе плати казна. Од страна на Водостопански инспектор понуден им е Записник за започнување на постапка за спогодување  за Прекршоци од трета категорија, а максималната казна изнесува 100.000 евра и 10.000 евра за одговорното лице. Раководството на Саса го потпишале записникот, со што почнува и постапката за спогодба преку Комисијата на ресорното министерство. Внатрешната истрага, но и истрагата на Државниот рударски инспекторат треба да покаже зошто попуштил насипот на најновото јаловиште што во употреба беше пуштено во април годинава, а во него се  вложени шест милиони евра. Локалната власт вчера најави дека е постигнат договор со Саса за чистење на Каменичка река од јаловината.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе