Вести Македонија

Полека, но сигурно исчезнува убавото Преспанско езеро

Драматична  е сликата на брегот од Преспанското езеро, каде нивото  деновиве  е  5 метри и 12 сантиметри под нормалниот водостој. Водата на места е повлечена и повеќе од 200 метри во должина, наместо плажи  крајбрежјето е претворено во калливи мочуришта и обраснато со трски и друга вегетација.  Жителите велат дека пред очи им исчезнува езерото кое за нив значи живот.

  • Се расипаа плажите, кал излезе. Тоа е тиња, мириса рибата на тиња, велат жителите .

За месното население вината за ваквата сосотојба е во природата и големите суши. Летово дожд не заврнал повеќе од 45 дена, но бараат и конкретни мерки за езерото.

  • Сушите си го направи своето, климата си го направи своето, снег нема, дожд нема, секнаа изворите. Вистина нема дотур, нема снег и дожд, но сепак треба да се преземат некои мерки, велат жителите

Надлежните велат дека  освен сушата и  климатските промени, за ваквата сосотојба влијае и човечкиот фактор, користењето, но и  злоупотребата  на езерската вода. За да се преземат мерки потребно е да се утврди  каков е водниот биланс,  колку има природен прилив,  колку вода се користи  за пиење и наводнување во земјоделието. За таа цел уште во март  формирана е работна група и предвидена е прекугранична соработка со Албанија и Грција,  но пандемијата ги спречи активностите.

  • Немаме податок што се случува на Албанската страна, немаме податок што се случува со пумпање на водите од Преспанското езеро за наводнување во погорните делови. Така што ние мораме да ги имаме тие подтоци, потребна ни е банка на податоци за да предвидиме мерки и активности соодветно на тоа што го имаме во реалноста, вели Ајман Ал Малла, раководител на Секторот за животна средина во Општина Ресен.

Според  анализите на Мониторинг станицата во Стење, хемискиот квалитет  на водата во Преспанското езеро е добар, а сега за првпат се очекуваат резултати за биолошкиот квалитет.

  • Ќе знаеме точно притисокот на загадувањето од каде потекнува, дали од вештачките шубрива, пестиците, управување со отпадните води, вели Ајман Ал Мала

Сепак, повеќе од извесно е дека потребни се забрзани мерки и активности за спас на Преспаснкото езеро. Иако повлекувањето на водата е процес кој се случува повеќе од 15 години, а водостојот од 5 метри од нормалата  укажува на алармантна сосотјба.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

На пристаништето во Солун пронајдени 58 килограми кокаин

Дејан Дејан

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе