Гоце Делчев е нашиот последен бастион, Гоце Делчев е црвената линија на нашето достоинство и нема преговарање и договарање на таа тема. Ова се двете пораки кои ги испрати лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот протест трет по ред, под мотото „За ЕУ, За Македонија, за Гоце Делчев“.
Мисцкоски нагласи дека патриотизмот не е застанатост во минатото и анти европска политика а идеите на Делчев се оние врз кои почива Европската унија.
Во своето обраќање тој го обвини премиерот Заев за криминал и дека претставува закана за европската иднина на државата и граѓаните.
Експресно реагираше и СДСМ со контра обвинување. Мицкоски е тој што работи против евро атланстската иднина на државата
Три години губтиникот Христијан Мицкоски и неговото ВМРО-ДПМНЕ правеа се за да го отежнат патот на државата кон ЕУ и НАТО, а денес истиот тој Мицкоски глуми дека е за членство во ЕУ. Бранителот на криминалот и неправдата, Христијан Мицкоски е последниот кој може да зборува за идеалите на великанот Гоце Делчев.
Мешовитата комисија за историски прашања веќе 10 месеци нема одржано средба. Според нашите инфромации македонската страна на комисија ќе побара средба со буагрските колеги на крајот на овој или почетокот на идниот месец а средбата би се одржала во Скопје. Тема секако ќе биде Гоце Делчев како што и беше на последните три средби кои минаа во жестоки дебати и без речиси никаков напредок. Бугарската страна инсистира Гоце Делчев, да биде запишан како Бугарин, додека македонската страна смета дека не е работа на Комисијата да утврдува нечиј национален идентитет.
Огнен Чанчаревиќ