Дали е до законите или до судиите? Судскиот совет му прпорачува на Врховниот суд да направи анализа и да види дали се оправдани зачестените рекации на граѓаните дека судовите се премногу благи во санкционирањето на возачите кои предизвикуваат тешки сообракајќи со жртви. Откако Врховен ќе направи увид во кривичните предмети за сообракајките последниве години ќе може да да предложи што треба да се смени.
Судскиот совет му препорача на Врховниот суд, како највисок суд, кој согласно Уставот обезбедува единство во примената на законите и воедначување на судската практика, по претходна анализа на судската практика да ја преиспита казнената политика за ваков вид на кривични дела.
Условната пресуда за возач кој на две полни линии ја пресекол улицата „Теодосиј Гологанов“ кај Млечен Ресторан, по што тетовецот Гоце Димитриевски почина, а неговата сопруга го загуби плодот ја врати во фокусот на јавноста казнената политика. Таа поднесе претставки до судскиот совет и советот на обвинители во кои објаснува зошто бара одговорност од судијката и обвинителката.
Телма минатата недела објави статистика за казните за истото кривично дело Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од став 4 за што е предвидена казна затвор од 1 до 5 години. Од 33 предмети кои имаат првостепена пресуда во Кривичниот суд само во 13 судиите пресудиле ефективна затворска казна, останатите 20 предмети се најголем дел условни, и по некоја ослободителна и обвинителна.
Но и покрај тоа што јавноста се крена на ноза за условната пресуда кај Млечен, сообраќајките на ова место не запираат. Од МВР за Телма потврдија дека вчера на истото место имало сообраќајка меѓу три автомобили, а еден од од возачите со повреди завршил на Клинички.
Дали најавите за паричните и затворските казни ќе ги заплашат несовесните граѓани и ќе ја подигнат сообраќајната безбедност и култура?
Полицијата вчера во Скопје казнила 350 возачи, најбројни биле оние што не носат маска и возат брзо, но имало и такви што возат без дозвола или пак нерегистрирано возило. Санкционирани се и 36 мотоциклисти и четири мотори одземени. Конторлите продолжуваат и наредните денови.
Кога ноќе градот ќе се смири, локалите ќе затворат, а луѓето ќе си легнат звукот на мотори ја сече тишината. Секое лето граѓаните се жалат дека немаат мир од моторџии кои возат по булеварите како на авионска писта.
Елена Ивановска Мукоска