Спорт Фудбал

Цветаноски го реши скопското дерби: Вардар минимално против Шкупи

Вардар славеше со 1-0 против Шкупи во скопското дерби во рамки на 5.коло во Првата фудбалска лига.

„Црвено-црните“ полека ги консолидираат своите редови по играчкиот егзодус изминатото лето, па денеска сосема заслужено ги освоија трите бода против тимот, кој влезе како фаворит во пресметката.

Стрелец на единствениот гол беше Матеј Цветаноски во 52-та минута, но мора да се истакне дека на голот му „кумуваше“ и гостинскиот голман Кристијан Наумовски со лоша интервенција.

ПРВА ЛИГА 5.КОЛО

ВАРДАР-ШКУПИ                             1-0
ПЕЛИСТЕР-МАКЕДОНИЈА ЃП     0-0
РЕНОВА-РАБОТНИЧКИ                 0-1
БОРЕЦ-АКАДЕМИЈА П.                 2-0

ВЧЕРА
БЕЛАСИЦА-ШКЕНДИЈА               0-3
СТРУГА – СИЛЕКС                         2-0

ТАБЕЛА
1. ШКЕНДИЈА                  11
2. СИЛЕКС                         10
3. ШКУПИ                          10
4. РАБОТНИЧКИ               8
5. БОРЕЦ                            8
6. СТРУГА                          7
7. МАКЕДОНИЈА ЃП       7
8. ВАРДАР                         7
9. ПЕЛИСТЕР                    6
10. РЕНОВА                       5
11. АКАДЕМИЈА П.         3
12. БЕЛАСИЦА                 0

*ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе