Македонија Топ вести

Протести во Ѓорче Петров против нови висококатници

Со блокирање на главната улица во Ѓорче Петров жителите на оваа општина го изразија својот револт за  најавената изградбата на 60 метарски згради и населување на 3000 жители во месноста Јурија.

Самоволието и урбаното дивеење  ќе го загрозат квалитетот на живеење и нормалното функционирање на општината, велат жителите на Ѓорче Петров.

Јавно го прашаа градоначалникот Наумоски за овој променет ДУП, зошто нема расправи за истиот и што ќе се гради на таа локација.

Јавно се спротиставуваме на новиот ДУП с 324 со кој се овозможува подигање на бетонски ѕид токму на ова место. Две недели се обидуваме да добиеме одговор на нашите барања од општината, но две недели добиваме молк. Веднаш да се ревидира овој ДУП, да се намали бруторазвиената површина која сега изнесува над 90,000 квадратни метри, изјави Борис Шамбевски од инцијативата против урбаното дивеење.

Градоначалникот Наумовски денешниот протест го нарече партиски.

Инсинуиран протест  од страна на челниците на ДПМНЕ, на самиот протест се партиски активисти дојдени луѓе со возила, меѓутоа сепак правото на опозицијата е да протестира и да биде корекција на локалната самоуправа. Локалната самоуправа има двостепен систем на управување, контролен механизам на градоначалникот е Советот. Сите тие имаат членови на Совет кои се детално запознаени и за постапката општината е отворена, тврди градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски.

Во меѓувреме и жителите на Кисела Вода реагираат за предвидените 97 нови згради во населбата Расадник.

Тие бараат наместо згради и нова населба, да бидат предвидени зелени површини. Градоначалникот Темелковски вели дека мислењата меѓу граѓаните се поделени.

Ние како општина во моментов го имаме на јавна анкета изложено ДУП-от за Градската четврт Ј14 Расадник. Тоа е план  кој се работи од 2015- та и со самата јавна анкета се изложува планот и се уште ги немаме видено и официјално анкетните листови кои се забелешките. Сметаме дека во консултација со планерските куќи планот ги задоволува условите кои се пропишани и дека тој дел од градот треба да се урбанизира, тврди Темелковски

Граѓаните реагираат дека најчесто надлежните институции немаат слух за нивните барања и детално преиспитување на урбанистичките планови, зголемување на зелените површини  со градинки и училишта.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина најсиромашниот претседател на светот Хозе Мухика

Дејан Дејан

Британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ

Дејан Дејан

Мицкоски ќе предложи нови кадри за позициите на Алијанса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе