Вести Економија

Отпуштања, празни улици – гевгелија пред економски колапс

Стотици отпуштени работници, празни продавници и пропаѓање на малите бизниси. Тешки денови живее Гевгелија, градот со медитеранска клима и поволна местоположба. Сепак, она што низ годините беше негов најголем адут, близината со Грција, во моментов е причина за пропаѓање на локалната економија. Бизнисите кои низ годините се оформувале и граделе според барањата на честите гости од соседните места отаде границата, денеска буквално колабираат.

На пазарот во Гевгелија, многу продавачи, малку купувачи. Трговците и производителите велат дека е исклучително тешко да се продаде она што е донесено, бидејќи побарувачка речиси нема.

Глетката е иста и во центарот на градот. Кафулињата, рестораните, се е отворено и подготвено за гостите кои со месеци не доаѓаат.

Меѓу најпогодените од затворените граници се  стоматолошките ординации и казината. Тие побарале од општината и гевгелиската болница да се адаптира лабораторија за брзи ПЦР  тестови за грчките посетители, затоа што им се бараат на враќање во матичната  земја. Директорот на општата болница во Гевгелија, доктор Митко Крџев, рече дека станува збор за лабораторија којашто ќе биде со комерцијална намена за да се помогне на локалната економија. Цената на тестовите ќе биде во рамки на оние што во моментов се движи ПЦР тестот. Тој потенцира дека лабораторијата ќе работи според  капацитетите на болницата и македонските државјани нема да бидат засегнати. Доколку се појави потреба од дополнителен кадар и ресурси за тоа ќе се разговара со надлежните институции. Според најавите на министерот за здравство Филипче, опремата за оваа лабораторија треба да се донесе следната недела.

 

Сузана Мицева

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе