Нерешениот спор поврзан со сопственоста на операторот на системот за пренос ГА-МА продолжува да ја кочи реформата на секторот за гас, вели во интервју за МИА, директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница Јанез Копач .
„Посуштинско прашање е сѐ уште нераздвоенииот и несертифициран оператор на системот за пренос на гас. Додека реформите во секторот електрична енергија се напреднати, нерешениот спор поврзан со сопственоста на операторот на системот за пренос ГА-МА продолжува да ја кочи реформата на секторот за гас. Ова спречува раздвојување на преносниот операторот и ја доведува во опасност навремената изградба на гасниот интерконектор со Грција“.
Копач објаснува дека “Решавањето на спорот со Макпетрол и преземање сопственост и контрола од страна на државата во ГА-МА е предуслов за раздвојување и сертифицирање на операторот за гас во согласност со правилата на ЕУ и за финансирање на нов интерконектор со Грција од страна на Европската инвестициска банка. Спорот помеѓу Владата и Макпетрол беше решен во Центарот за решавање спорови на Енергетската заедница и очекуваме Владата да го спроведе постигнатиот договор што е можно поскоро“, вели Копач.