Македонија Најважни

Според ковид протоколи градинките по пет месеци почнаа со работа

Детски плач, збунетост од новите правила , родители со маски на лицето и потвда во рака дека нивното дете е здраво,  се вратија на старата рутина наутро пред работа да ги однесат своите деца во градинка . Градинките се отворија по пауза од шест месеци , а сега во ек на пандемија на корона вирусот , работат по посебни протоколи, за  да се избегне нов калстер и жариште на вирусот. На влезовите пораки за добредојде , а веднаш потоа дезинфекција на раце , па мерење  температура и на родителите и на децата.

Родителите претпазливи, а и задоволни од повторното отворање на градинките.

Социјализацијата на децата е уште една работа која ги натерала  родителите да ги однесат децата повторно во градинка, назад кај нивните воспитувачки и другарчиња. Халили Дондиша од Тетово  татко на две девојчиња , вели дека сега е најважно да се почитуваат мерките, а градинките постојано да се дезинфицираат

Инаку , веќе неколку недели градоначалниците во чија надлежност се градинките, директорите и перосоналот се подготвуваат за да ги згрижат најмладите. Директорката на една од најголемите градинки – Бубамара од скопски Аеродром, вели дека имаат доволно воспитувачки , а денеска во градинки дошле само половина од запишаните деца, а медицинска сестра им помага на оние кои се во јасли да се адаптираат.

Од сите градови во Македонија, сепак најголем интерест имаше во Битола. 00:14 – 00:37

Сликата во приватните градинки поинаква, на  децата во приватното француско училиште прва активност на децата ќе им биде запознавање и примена на протоколите за заштита од Ковид- 19.

Според податоците на МТСП во сите градински во змејава има капацитет да примат 19 илјади деца, а досега интерес за згрижување покажале родители на 14.555 деца.

Инаку градинките беа затворени во март месец.

Теодора Цветковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Ристевска: Прво ви велат „Сменете го Уставот“, а потоа ви велат „Билатералните спорови надвор“- контрадикторно е

Дејан Дејан

Министерството за правда информира дека се неточни тврдењата дека ќе се изгубат средствата од реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе