Економија

Дел од лозарите задоволни, дел сметаат дека цените се ниски

Дел од лозарите се задоволни од исходот на денешниот состанок со владините претставници, а дел сметаат дека се ниски цените што ги нудат откупувачите.

Од здружението „Напредни лозари“ се задоволни од понудените решенија и сметаат дека не е време на штрајкови.

– Четири денари од државата и 11 по килограм „вранец” од откупувачите, значи дека сме постигнале цена од 15 денари или за „смедеревка” четири плус 9, се добива ланската цена од 13 денари за килограм. Се понуди и можност за стимулации за сите откупувачи за извоз – од два, три и четири денари по килограм. Така ќе се направи конкуренција за самите винарии да размислат што прават со откупните цени. Тоа е добра идеја што треба да се практикува и во иднина, изјави Трајче Кулев, претседател на здружението „Напредни лозари“.

Поинаков став имаат од здружението „Лозароовоштари“.

– Државата се согласува да даде по четири денари за килограм грозје, но ниски се цените кои ги нудат откупувачите. Кажавме 11 со 13 денари за ,„смедеревка” и „вранец” и од тоа не отстапуваме. Или ќе постигнеме договор или ќе блокираме винарска визба, изјави претседателот на здружението Златко Стојчев.

За градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, лозарите и винарите треба да најдат заеднички јазик и заедно со предлозите од Владата, да се откупи грозјето од годинашната реколта.

– Евентуални блокади би биле само на штета на лозарите и државата. Не се штрајкува кога е време за берба, грозјето не може да стои и да чека.  Ако сака да се направи штета, тоа е меч со две острици. Треба да се прилагодиме кон реалните услови на пазарот во услови на пандемија кога сите се засегнати. Грозјето  е стратешки производ и затоа годинава државата излегува со екстра поддршка за лозарите, изјави Јанчев по состанокот во Кавадарци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Да се забрза транспортoт на храна кон Косово

Дејан Дејан

ЕСМ на тронот по загуби, МЕПСО зголемува плати и вработува

Дејан Дејан

Дурмиши: Ако има поскапување поголемо од 15 проценти, ќе активираме поригорозни мерки

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе