Македонија Најважни

За Мицкоски нема 100 дена за владата – масовен протест на ВМРО-ДПМНЕ во среда

100-те дена за новата влада да покаже што може, ВМРО-ДПМНЕ и ги скрати на една недела, па за в среда најави протести против неа незадоволна од одлуките што новата влада, можела, а не ги донела. Една од таквите нереализирани одлуки е корегирање на цената на струјата, што како  соопшти лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски, е мотивот за првиот протест кој ќе започне од пред Министерството за правда, а ќе заврши пред Регулаторна комисија за енергетика.

„Доволно недели народот апелира и до владата, апелира и до надлежните институции да ја корегира оваа одлука, посебно сега зборуваме за темата на овој протест, а тоа е цената на електричната енергија, гледаме дека владата нема слух. И првиот ден од старата влада со нов мандат Заев и ДУИ не го искористија да помогнат на народот, туку да го сменат ДУП-от на Тетово, за да може на земјиште на контроверзниот бизнисмен „ДАКА“ да градат станови и бизнис вреден околу 200 милиони евра“, рече Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него новата цена на струјата од регулаторното тело била донесена на шверцерски начин со политичко влијание и после изборите, за одлуката да не влијае врз изборниот резултат.

Лидерот на опизициската партија најави дека тие имаат нацрт план за организирање на протестите, но посочи дека динамиката на организирање на протестите ќе зависи од владата.

„Нашата реакција ќе зависи од акцијата на владата. И најпрвин ќе предупредуваме. Доколку видиме дека тие наши предупредувања не даваат резултат, како што беше сега ова со електричната енергија, тогаш не ни останува ништо друго и тогаш протестот станува форма со која што ќе се спротивставиме на власта“, рече Мицкоски.

Мицкоски денеска повикувајќи на активен отпор на улица против владата упати отворен повик до сите политички партии, интелектуалци, синдикати, кои се незадоволни од новата влада, нарекувајќи мафијашка водена од мафијаш, да се обединат, во како што го нарече, опозициски фронт.

На најавата за протестот од опозициската партија веднаш стигна реакција од премиерот Зоран Заев, кој рече дека правото на протест е загарнтирано, но оти мотивот е фрустрација.

„Но поривот кој што го гледаме од страна на опозицијата е една фрустрација зошто не се бивало власт. Значи без да дадат можност, да тргнеме со работа, без да видат колку ќе бидеме успешни, се гледа една грозотија од фрустрација зошто не се власт“, рече премиерот Зоран Заев.

Заев го повтори повикот до опозицијата кој го упати вечерта кога владата беше избрана во Собранието, за соработка во интерес на граѓаните, а не таа да настапува фрустрирана дека не ја освоила власта.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има – ова беа дел од пораките на маршот во Кочани

Дејан Дејан

Во Кочани заврши ,,Маршот на ангелите”

Дејан Дејан

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе