Вести Македонија

Од корона болни 12 чешки полицајци ангажирани на јужната граница- откриено во ЦЈЗ Гевгелија

Речиси една третина од чешкиот полициски контингент во рамки на граничната контрола на границата кон Грција е заразен од корона вирус.

40 припадници на чешката полиција оваа недела требало да биде заменета со нов контингент и поради тоа барале тестирање на Ковид 19 во Центарот за јавно здравје-Гевгелија.

Сите биле тестирани, никој немал симптоми на заболување од корона вирусосот но резултатите покажале дека 12 од чешките полицајци биле заразени, потврдија за Телма од Центарот за јавно здравје во Гевгелија.

Заразените полицајци веднаш се ставени во изолација по што ќе биде одлучено дали ќе се враќаат во Чешка или во Македонија ќе останат до излекувањето.

Сите нивни колеги од меѓународните полициски сили се ставени во изолација како превентивна мерка.

Во тек е тестирање на уште 30 полицајци кои се од Австрија и од Словенија, не известија од ЦЈЗ Гевгелија.

Странските полицајци заедно македонските гранични полицајци вршат контрола врз јужната граница за да спречат илегална миграција на балканската рута.

Денеска Институтот за јавно здравје соопшти дека има 37 нови случаи откриени со 484 тестирања. Најголема група се чешките полицајци, а потоа следува Скопје со 9 новозаболени.

Шестмина пациенти на возраст меѓу 55 и 86 години починаа од последиците на вирусот. Починатите се од Скопје, Крива Паланка, Делчево, Струга, Гостивар и Кичево.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Индија го обвини Пакистан за прекршување на договорот за примирје

Дејан Дејан

Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина

Дејан Дејан

Во поплави во Конго 62 лица го загубија животот, а 50 се водат како исчезнати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе