Култура

Отворен повикот за онлајн-учество на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија 2020“

Филмскиот фестивал за млади Џифони Македонија“ го објави повикот со кој ги повикува сите ученици од средните и од основните училишта да се пријават за учество на осмото издание на филмскиот фестивал за млади, кое ќе се одржи онлајн од 25 до 30 септември.

Темата на „Џифони Македонија 2020“ е „Земја“ (Earth) како дел од тригодишниот циклус посветен на животната средина (2018 – Вода, 2019 – Воздух), кој се совпаѓа со педесетгодишнината од  основањето на матичниот фестивал „Џифони Експириенс“ во Италија.

Осмото издание на „Џифони Македонија“ ќе се одвива од 25 до 30 септември и предвидува богата програма. Дел од филмските проекции ќе бидат организирани во соодветно адаптирани кино сали на отворено, со ограничен број на седишта, во согласност со протоколите за безбедност.

Најголемиот дел од активностите предвидени за младите учесници ќе бидат емитувани онлајн, со директно вклучување во дискусиите, работилниците и другите онлајн настани.

За таа цел ќе започне со работа новата младинска дигитална платформа, на која ќе се презентира богатата понуда на филмови и други содржините на овогодинешниот фестивал и ќе им се овозможи на учесниците директно да се вклучуваат во работилниците и другите онлајн евенти и да имаат интерактивни средби со гостите. На тој начин „Џифони Македонија“ продолжува со традиционалната филмска програма, активности и дружба, притоа водејќи сметка за безбедноста на учесниците, во целосна согласност со препораките за заштита и превенција на Ковид-19.

По завршувањето на фестивалот, платформата ќе им биде наменета на младите, за објавување на нивни творби од аудиовизуелните уметности, како и за други содржини наменети на младите љубители на филмот.

Оваа година меѓународното жири ќе биде составено од над 300 ученици од основните и средните училишта од Македонија и од десетина странски држави, кои фестивалот ќе го следат онлајн, со директни вклучувања во дискусии, работилници, мастеркласови и други интересни содржини.

Повикот е наменет за учесници од сите градови во државата, а пријавувањето ќе биде отворено до пополнување на слободните места:

Формулар за пријава во категоријата Јуниори (VI, VII, VIII и IX одделение) https://tinyurl.com/GiffoniMK20Juniori

Формулар за пријава во категориите Кадети и Сениори (I, II, III и IV година средно) https://tinyurl.com/GiffoniMK20

Повикот за учество е објавен на веб-страницата на „Џифони Македонија“ (https://giffoni.mk/?p=3102) и на социјалните мрежи.

Фестивалот „Џифони Македонија“ е поддржан од македонската Агенција за филм и Министерството за култура, Град Скопје и партнерот од Италија – „Џифони Експиериенс“. Дигиталната младинска платформа на која ќе се одржува онлајн-изданието на фестивалот е развиена со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со премиера на „Риголето“, почнуваат 53-те „Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Третманот на децата во образовниот систем низ премиера во Драмски театар

Дејан Дејан

Силјановска: Книгите што ги читаме, на кои се навраќаме, многу повеќе говорат за нас, од било кое CV

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе