Македонија Најважни

Бонева ќе заврши на суд за 100 илјади евра патни трошоци

Поранешната пратеничка, Силвана Бонева, ќе заврши на суд за измама со патните трошоци. Скопското основно јавно обвинителство поднесе обвинение против неа, во кое ја обвинува дека, со измама зела над 100 илјади евра за патарини. Станува збор за предметот во јавноста познат како „Друмарина“, за кој истражната постапка ја водеше СЈО.

Основно јавно обвинителство-Скопје: Од обвинителството тврдат дека, од почетокот на 2011 година обвинетата имала сместување – станови во Скопје и не патувала за присуство на секоја седница на Собранието, а лажните фискални сметки биле обезбедени од други лица кои патувале. Потоа обвинетата овие фискални сметки ги приложувала кон налозите за службени патувања.​​

Обвинението оди на оценка во Основниот кривичен суд и ако помине, ќе се закаже судење.За ова кривично дело е предводена затворска казна.

Пресметките за патните трошоци се автоматски и се прават според цената на горивото, километрите и оддалеченоста на местото на живеење и нив ги прави автоматска програма во законодавниот дом. Пратениците добиваа по 30 проценти од изминат километар од продажната цена на еден литар гориво, но по реакциите во јавноста, тоа беше намелено на 20 проценти. Со законските измени, се доби и можност пратениците од внатрешноста наместо да патуваат, да добијат стан под кирија до 400 евра и платени сметки до 100 евра. Но, оваа опција од 2018 година кога беше воведена, ја искористиле само 16 пратеници.За три години, пратениците од последниот парламентарен состав земале и до 47.000 евра. Вкупно за патни трошоци на пратениците се потрошени 1милион 496 илјади евра.

Далиборка Демјанска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе