Македонија Најважни

Сопственикот на дивоградбата пред Мавровка остана без пасош – одлучи кривичниот суд

По кривичната пријава од МВР, истрагата во обвинителството и багерите кои му го рушат објектот, инвеститорот Мевљудин Алити остана и без пасош откако судот го прифати предлогот на обвинител, да му забрани да го напушта Скопје, но и редовно да се јавува во судот иако сеуште траат препирките со надлежните дали Алити градел дивоградба или не.

Ова е одговорот на градоначалникот на Град Скопје на тврдењата на газдата на локалот „Фонтана“ дека уредно му е легализиран објектот.

Иако во уплатниците се гледа дека 4,7 милиони денари се дадени за легализација на дивоградба уште во ноември минатата година додека „Фонтана“ работеше со полна пареа пред да биде пеплосана во пожар, а не се дадени за објектот кој ќе почне да го гради во мај оваа година, тврди Шилегов.

Градежната механизација безмилосно го дроби бетонското здание и по уверувањата на газдата Мевљудин Алити дека можел да си го обнови објектот кој му изгоре со елаборат.

Наместо општински пари се трошат државни преку јавното претпријатие „Македонија пат“ откако денеска истече третиот оглас без да се јави ниту една за фирма уривач на дивоградби во Чаир. Ќе има и четврт обид потврдуваат за Телма од кабиентот на градоначалникот Висар Ганиу.

Сите општини да си бараат фирми кои ќе рушат за да не мора повеќе да се меша владата, иако новиот министер за Транспорт и врски го избегна директниот одговор дали во завршените постапки како оваа може владата да испрати багери и во други општини.

Случајот Мавровка сега е во раце на обвинителството кое од синоќа Мељудин Алити го сомничи за кривичното дело бесправно градање, иако случајот почнува со имотните листови ,тема на која ќе истражува и транспорт и врски.

Алити, пак, постојано тврди дека првадата ќе ја докажува на суд откако синоќа за прв пат се појави во јавноста а беше непознат за инстуциите месец и половина.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе