Вести Македонија

Заврши сведочењето на Ахмети во Меѓународниот суд за Косово

Два дена по ред, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, сведочеше во Меѓународниот суд во Приштина за неговата улога во војната на Косово. По интервјуто, Ахмети не откри детали пред новинарите.

„Како што видовте и самите, мојот распит траеше два дена, до завршувањето на овој процес не можам да споделам ниту една информација со јавноста, така ограничува законот и сакам да го почитувам законот. На крајот на овој процес можеме да зборуваме тогаш ми дозволува законот“, истакна Али Ахмети.

Али Ахмети е еден од основачите на ОВК и поранешен член на Генералштабот.

Во раните 90-ти години тој беше еден од водачите кои ја основаа и издигнаа ОВК како воена формација, која во 2000 година, по ослободувањето на Косово, тој, заедно со другите водачи, ја преструктуираше во „Национално ослободителна војска“ проширувајќи ја нејзината дејност и во Македонија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе