„Добредојдовте сите. Ајде да се поздравиме меѓусебе“, вака започна училишниот ден денеска во Британија, по тримесечен прекин. Чувството е слатко – горко бидејќи децата и покрај радоста за враќање во училиште се соочени со стрес поради пропуштените предавања.
-Чудно ми е, бидејќи долго ништо не работев. Морам да се вратам повторно, вели еден ученик.
-Прилично сум среќна што се враќам во училиште и што повторно ќе се видам со моите пријатели, иако сум прилично под стрес бидејќи долго не одевме и сега мора да надополниме.
-Постојано се будеа велејќи: Дали е веќе време за на училиште? Време ли е за на училиште?
-И самите деца почнаа навистина да се досадуваат и затоа правеа непристојни работи.
-Ми пречеше што изгубија толку многу. Дома може да се учи до некаде. Не е исто да се има вистински учител во училница, велат родителите.
Речиси 1,4 милиони ученици денеска се вратија во школските клупи во училиштата во Вухан, градот, кој беше жариште на коронавирусот во декември. Физичкото присуство во училиштата беше во прекин повеќе од осум месеци.
Ден пред отворање на основните и средните училишта, како и факултетите во школите беше спроведена обука и практични вежби за да се спречи ширењето на Ковид – 19. Загрижени за психичкото здравје на учениците после долгото затворање, некои училштата пружаа помош и совети. На првиот школски ден учениците возбудени од повторната средба со своите соученици.
-Се чувствувам возбудено бидејќи конечно можам да се сретнам со своите учители и соученици, вели еден ученик од Вухан.
Но, сликата е во САД е сосема поинаква. Мноштво активисти, родители и ученици денеска се собраа во Керол Паркот во Бруклин на протест против повторното отворање на училиштата во Њујорк. Тие бараат од градоначалникот Бил де Бласио да го одложи почетокот на учебнта година, бидејќи е загрижувачко ширењето на коронавирусот во САД. Бил де Бласио им даде рок од 11 дена на училишните урави и на наставниците да ги подготват училиштата за новата учебна година која треба да започне на 21 септември.
Билјана Ставрова