Во тек е уривањето на дивоградбата кај ТЦ Мавровска од страна на ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта. На терен е донесена градежна механизација, а локацијата ја обезбедува полицијата.
Поради градежните активности сообраќајот се одвива отежнато. Сопственикот на објектот најави прес – конференција за подоцна.
Владата на Република Северна Македонија на својата прва седница одржана вчера донесе одлука да му препорача на Управниот одбор на Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да донесе одлука за ангажирање на потребна механизација, средства за работа и вработени, за уривање и демонтирање на бесправно изграден градежен објект што се наоѓа пред ТЦ Мавровка, без надоместок кон Општина Чаир, односно од сопствени средства.
Во рамките на оваа одлука Владата им препорачува на Општина Чаир и Јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта да ги регулираат меѓусебните права и обврски да склучат Договор за отстранување на бесправно изграден градежен објект, делови од објекти и бесправно поставени објекти.