Вести Култура

Гласање на Законот за заштита од дискриминација побара ЛГБТ заедницата

Новиот парламентарен состав  итно да го изгласа Законот за заштита и спречување дискриминација, кој го укина Уставниот суд , со образложение дека беше донесен без мнозинство гласови  и да се формира Комисијата , побараа од ЛГБТ заедницата на вечерашното отворање на фестивалот „ Викенд на гордоста“.

  • Тоа е клучно, не само за ЛГБТ заедницата и маргинализираните групи, туку генерално за граѓаните да се чувствуваат безбедни, бидејќи во моментот не постои ни еден механизам со кој можат да бидат заштитени од дискриминација , ниту има институција како што е Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, изјави Славчо Димитров- куратор на фестивалот

Фестивалот започна со групната изложба во МСУ , под наслов „ Скршено“. На неа посетителите влегуваа во редуциран број по групи и со почитување на мерките за заштита од Ковид- 19. Изложбата низ разни медиуми ја проблематизира ранливоста на ЛГБТ заедницата. Како позадина е поставена инсталацијата „ Без наслов“, од 1989/90 година, со која за прв пат кај нас и на Балканот, е претставено творештвото на истакнатиот американски уметник Феликс Гонзалес Торес, на кој му се оддава признание за влијанието во квир културата. Публиката можеше да земе листови од оваа инсталација.  Велимир Жерновски се претставува со видео и инсталација , а Христина Ивановска со инсталација од керамички садови, дополнета со текстови, инспиринара од делото на Луис Керол  „Алиса во земјата на чудата“.

  • Има постојано дилеми и прашања идентитетски, полови, суштински, кои тргнуваат од едноставното прашање кој сим јас, која сум јас или кои сме ние, рече Кристина Ивановска-уметница

На отворањето беше изведен перформансот „ Месесто“, од италијанската уметница која работи во Берлин, Федерика Даури, а со инсталацијата/перформанс „ Тивко“ се претставуваат Полин Бодри и Ренате Лоренц, познати по учеството на 58 Венециско биенале како претставници на Швајцарија.

Осмото издание на „ Скопје викенд на гордоста “  ќе се одржи под мотото „ Суров оптимизам“, позајмено од книгата на американската теоретичарка на културата Лорен Берлан, во која се проблематизираат неостварените очекувања на поединецот во денешниот либерален капитализам. Берлан ќе учествува на фестивалот преку он лајн предавање на 6 септември.  На програмата на „ Скопје викенд на гордоста“ , што ќе трае до 8 септември, ќе има и други он лајн предавања и настани во живо, со учество на странски и домашни уметници. Покрај МСУ, настаните ќе се одржат во Комитет и Шортбас, а од ЛГБТ Центарот за Подршка и Коалицијата „ Маргини“, кои се организатори на фестивалот велат дека секаде ќе се почитуваат протоколите за заштита од Ковид- 19.

Сотир Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Возачот Васил Јованов призна вина за несреќата во која ја прегази Фросина Кулакова  на пешачки премин

Дејан Дејан

Почнува националната еко акција „Генералка викенд“

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе