Свет

Ѓукановиќ и го отвори патот на ДПС за во опозиција

Претседателот на Црна Гора и лидер на ДПС Мило Ѓукановиќ во ексклузивно интервју за Newsmax Adria, и го отвори патот на својата партија да премине во опозиција по изборите одржани во неделата, на кои за прв пат по три децении не освои мнозинство во парламентот. Да почкаме да видиме како ќе изгледа таа влада, каква ќе биде нејзината партиско – политичка структура, каков ќе биде нејзиниот профил- дали ќе биде експертска или политичка влада, вели Ѓукановиќ. Тој поразот го гледа во национализмот од 90-тите кој сега е повторно актуелен и се обидува да го придвижи тркалото на историјата наназад. Дециден е дека влада ќе формираат оние кои располагаат со 41 мандат во црногорскиот парлемент.

Кога е во прашање конституирањето на новата влада ќе го почитуваме сето она што се демократски правила на современа демократска цивилизација. Тоа значи дека оној кој има 41 мандат во црногорскиот парламент ќе добие понуда да формира влада, вели Ѓукановиќ.

Прашан дали тоа ќе бидат трите опозициони коалиции, тој одговара дека има најави за тоа, но оцени дека нивните програми се доста различни и дека она што силно ги врзува е желбата за смена на Демонкратската партија на социјалистите.

Инцидентите не се изненадување како ни „нецивилизираните моменти“ на прослава на победата од страна на трите опозициони партии.

Тој во интервјуто вели дека во Црна Гора и во регионот се спротивставени две становишта – прозападно од една страна и назадно, националистичко од друга страна, кое сега е пробудено.

Инцидентите никого не изненадија, прославата уште помалку. Причина за прослава секогаш има, но тоа славење подразбира и цивилизиран однос кон другите граѓани и потребата од зачувување на стаблноста на Црна Гора. Ние синоќа присуствувавме на еден излив на нетолеранција, агресија, примитивизам, обид за пресметка со луѓето кои поинаку размислуваат, вели Ѓукановиќ.

Во судирите меѓу приврзаници на демократската партија на социјалистите и опозициските коалиции синоќа во Подгорица се повредени неколкумина. Опозиционите лидери се договорија за формирање експертска влада, како и измена, дополнување и ревизија на законот за слобода на вероисповед.

Резултатите од парламентарните избори ДПС на Мило Ѓукановиќ освои 35,06 % од гласовте, а опозициската коалиција „За иднината на Црна Гора“ – 32,55 отсто од гласовите. Иако само партијата на Ѓукановиќ освои повеќе гласови, во проекцијата на мандати ДПС има 30, а коалцијата има 40 мандати. Рокот за формирање влада е 90 дена.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единство на Црквата, дипломатија, финансии – дел од предизвиците за папата Лав XIV

Дејан Дејан

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе