Македонија

Подготвувале терористички напади од центарот на Куманово – детали за кумановската ќелија на ИСИС

Организаторот на терористичката група уапсен вчера е 28-годишен повратник кој лани летово издржал казна затвор од 3 години и еден месец по пресуда за учество во странски војски бидејќи до 2016-та година се борел во редовите на ИСИС во Сирија. Тој е заведен како лидер на ќелијата во истрагата на МВР.

Останатите двајца исто така биле затвореници излегле лани меѓу јуни и август и издржувале казни затвор од по 3 години за истото дело учество странска војска. Членовите на кумановската ќелија имале 25 и 22 години. Најмладиот според достапните податоци, заминал за Блискиот Исток во редовите на Исламската држава уште додека бил малолетен.

Тројцата се уапсени во центарот на Куманово, автомобил со опрема на еден од осомничените е најден на паркинг во центар на градот на стотина метри од полициската станица. Сите тројца припадници на групата живееле во урбани средини, а организаторот имал стан и во Скопје каде често престојувал.

Што се однесува на експлозивните појаси за бомбаши-самоубијци кои се најдени при претресите, направени се и подготвени за употреба. Имале запалки, импровизирани за активирање на појасите. Станува збор за запалки извадени од рачни бомби. Најдени се и телефони кои може да се користат за активирање на експлозивните направи.

Појасите биле полни со експлозив, но и со импровизирани шрапнели. Шрапнелите биле метални кугли-лагери извадени од апарати и алат со хидрауличен погон. Масивните лагери се залепени на картонски кутии и прекриени со експлозив во прав кој служи за активирање и исфрлање на  опасните метални точиња.

Истрагата бара одговор кој требало да ги носи појасите со експлозив, дали самите уапсени припадници на групата или пак тие се обидувале да врбуваат помлади луѓе и да ги заведат, тие да бидат извршители на нападите.

Директорот на АНБ Виктор Димовски денеска рече целта на групата биле витални државни објекти.

Нивниот магацин со оружје и муниција бил најден во месноста Менкова колиба во дрвен сандак со пластично корито. Менкова колиба е во близина на Куманово, а ова место е познато и по почетокот на востанието против фашистичкиот окупатор бидејќи таму на 11.10.1941. се собрал Карадачкиот партизански одред.

Местото има споменик, но е напуштено, а повратниците од ИСИС виделе добра локација за скривница за сопственото оружје.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

Уништени култури, земјоделците проценуваат штети – град со големина на орев „удри“ во Струмичко

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе