Македонија Топ вести

Ќе се менува Деловникот на владата за да се устоличи функцијата на Груби – прв вицепремиер

„Би сакал да порачам нешто и до премиерот Заев дека од вечерва ние сме веќе едно“.

Ова заедништво на владата кое го декларираше синоќа вицепремиерот Артан Груби по нејзиното изгласување, траеше цели 12 часа, до денеска на пладне, кога тој предводејќи ги шесте министри од ДУИ влегоа во владата и одржаа засебен координативен состанок.

Потребата од вакво декларирање на засебност на министрите на ДУИ, Груби го објасни дека било само за сите тие потоа заедно да заминат кај претсетаделот на државата. За тоа кому ќе одговараат Фатмир Бесими, Бујар Османи, Насер Нуредини, Јетон Шаќири, Крешник Бектеши како министри, дали на Груби или на Заев, Груби кратко одговори:

„Секако дека премиер е Зоран Заев, ова е коалициска влада“.

Но Груби не пропушти да појасни како ќе се носат одлуките во неа:

„Како што  може да видите и во коалицискиот договор и во програмата на владата, консензуално одлучуваме, заеднички сите како колективно тело за доброто на сите граѓани и имплементирање на програмата“.

Но во Законот за влада освен што не е предвидено консензуално носење на одлуки на владата, туку со мнозинство од гласовите на нејзините членови, не е предвидена ни функција прв вицепремиер. Ваква функција нема ни во Деловникот за работа на владата, но според Груби неговата нова функција во владата наскоро ќе ја има и на хартија.

„Сметаме дека постои потреба за менување на Деловникот на владата и тоа ќе го разговараме на утрешната сендица“, информираше Артан Груби, вицепремиер за политички систем.

Груби како вицепремиер заедно со министрите од ДУИ денеска ветија имплементација на програмата на владата за доброто на сите граѓани.

Притоа апсолутен приоритет им е систематизацијата на сите вработени по рамковен договор, тие во идните шест месеци да почнат да работат. Според Груби, да почнат со работа на своите работни места чекаат 1.400 рамковно вработени.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Воз удри во автомобил кај Зелениково – МВР соопшти дека нема повредени

Дејан Дејан

Димовски: Потребна ни е сплотеност за подобра иднина на државата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе