Во пресрет на денешната жрепка за второто квалификациско коло од Лига Европа, трите македонски претставника ги добија можните противници.
Силекс е во конкуренција со екипите кои се елиминирани во првата квалификациска рунда од Лигата на шампионите и меѓу потенцијалните противници се Арарат (Ерменија), Конаха Номадс (Велс), Фола Еш (Луксембург), Будуќност (Црна Гора), Динамо Тбилиси (Грузија) и Астана (Казахстан), а во оваа конкуренција без статус наносител е Дрита (Косово).
Шкендија е единствениот македонски претставник кој има статус на носител и е дел од шестата група. Тука покрај Шкендија носители се БАТЕ Борисов и белградски Партизан, а можни противници се Ботошани (Романија), ЦСКА Софија и Сфинтул од Молдавија.
Во најтешка позиција е Ренова, која нема статус на носител, но може да добие најатрактивен противник, а во конкуренција се Хајдук, Волфсбург и Зрињски од Босна и Херцеговина.