Македонија Најважни

Спасовски во владата доби свој портрет, слика со Заев уште не е нацртана- како помина примопредавањето на кабинетите

Во премиерскиот кабинет на Илинденска без број, се врати Зоран Заев, должноста ја презеде од техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Портрет на Спасовски веќе беше нацртан и закачен на премиерскиот ѕид.

Таму пак го нема Заев иако еднаш веќе ја напушти владината зграда. Не му закачија трага, ама се врати.

По два дена жешка дебата во Собранието и двајцата беа уморни. Ги изгласаа 62 пратеници, еден од нив беше еден од бунтовниците во ДУИ, Арбен Зибери, гласаше посебно бидејќи цел ден му било лошо.

Здравствените протоколи налагале тој да се вози сам во лифт и да гласа во посебна просторија.

И без Зибери имаше доволно гласови, но поранешниот директор на скопскиот центар за јавно здравје дојде и гласаше за Заев и за Филипче кој го смени- иако премиерски предлог од ДУИ беше неговиот вујко Насер Зибери.

Денеска веќе беше соопштено дека не е позитивен на Ковид. Премиерот му посака здравје и рече дека короната можеби ќе донесе и нови слични состојби при гласање во влада.

Заев со министрите традиционално беше и на Водно во кабинетот на Претседателот.

И тука ги повтори приоритетите на својот втор кабинет- економија во време на корона, правда и ветување за 6 години затворени преговори за членство во ЕУ.

Во редот министри стоеја и 5-мина кои останаа цврсто во своите ресори. Меѓу нив е и за здравство Венко Филипче, по долги месеци борба против корона стоеше согласно она што го повторува секој ден- на дистанца, а не им се приближи на колегите и кога му беше посочено од протоколот.

Покрај Филипче, во своите кабинети остануваат Шекеринска во одбрана, во економија Крешник Бектеши, екологија Насер Нуредини, локална самоуправа Горан Милески.

Спасовски пак се врати на старото место- по вторпат пречек му прави Агим Нухиу, овојпат надвор со полициско-гардиски рапорт.

Царовска е стара во владата, но со нова задача –образование и наука. И почна со букет бели кали и трендафили од претходникот- сега пратеник Арбер Адеми и со горливиот проблем, како да се вратат децата во школо.

Јагода Шахпаска е нова во ресорот труд и социјална политика, каде се собираат големите проблеми предизвикани од ковид кризата.

Дека протоколите се силни покажа и вчерашното дезинфицирање на премиерот при првото обраќање во вториот мандат.

Испрскан и тој и микрофоните. Најави кратење на советничките позиции во премиерскиот кабинет-со посебно внимание на контактите со граѓаните и со медиумите.

Коалиционите партнери од ДУИ критикувани во предизборието од СДСМ и Заев сега со полна уста гарантираат борба со корупција и одговорност за сите.

Карабината без познат сопственик и без градежна дозвола во Мавровка е проблемот чие решение Заев најави пред својот избор.

Не беше повторено по изборот, но премиерот има една порака за сите.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе