Спорт Фудбал

Ла Лига на страната на Барселона, клаузулата е неважечка

Во соопштението што го објави Ла Лига, Лионел Меси нема да може да ја смени средината без идниот клуб да ја плати откупната клаузула во договорот со Барселона која изнесува 700 милиони евра.

Според Ла Лига, Меси можел да ја активира клаузулата според која е слободен играч до 26 јуни, а доколку во следниот период Аргентинецот сака да си замине потребно е да се плати наведената сума која стои во договорот.

На крајот од толкувањето за статусот на Меси стои дека ѕвездата на Барселона може да замине во друг клуб доколку двете страни спогодбено се договорат за прекин на соработката.

Инаку Меси денеска не се појави на закажаното тестирање на Ковид 19 со кое почнуваат подготовките за новата сезона и со тоа Аргентинецот уште еднаш испрати порака до клубот дека не сака да ја продолжи кариерата во Барселона.

Од друга страна клубот потенцираше дека нема да преговара за раскин на договорот туку претседателот Жозеп Марија Бартомеу ќе закаже состанок со Меси на кој ќе разговараат за продолжување на уште една година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Во меч без голови Вардар и Струга освоија по бод

Дејан Дејан

Реакција на ФФМ: Згрозени сме, но и решителни – овој срам нема да остане неказнет

Дејан Дејан

Еткинсон тренер на сезоната во НБА

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе