Вести Македонија Најважни

За Јанушев Заев е топ-шоп премиер, а за мандаторот имаме Дормео опозиција

Пратениците од едната станата на собраниската сала ракоплескаа  по говорот на партискиот генерален секретар, од другата страна по репликата на партискиот лидер. Со чести аплаузи атмосферата на моменти наликуваше на тератар но на моменти се вжештуваш со  дофрлање од страна или пак тропање по масата што го налути собранискиот спикер.

Опозицијата ја критикуваше  владината програма и  изборот на министри, но со претставниците на власта си разменија квалификации но и етикети од сферата на маректингот.

Пратениците на коалицијата Алијанса Алтернатива го потсетија мандатарот за многуте изјави против дуи од 2016 и му забележаа дека и покрај најавите пред изборите дека ДУИ нема да биде дел од власта денеска повторно му се коалициони партнери. Заев не репицираше, но се разви дебата со пратнеиците на ДУИ кој и како победил во албанскиот блок.

Вториот ден од седницата за формирање на влада започна со говорот на паретникот Павле Трајанов кој преложи  да се намали борјот на пратнеици од 120 на 90 , промена на изборниот модел со воведување на една изборна единица, да се остави можност претседателот на државата да може да го распушта парламентот, како што е принцип во повеќе држави.

Се залага за откривање на скриен имот на функционери, уставни претпоставки за ревизија и разрешување на судии и јавни обвинители, како и нивна кривична одговорност. Функционери да не се дружат со криминално подземје. Криминалците ги прави недопирливи за правдат, рече Трајанов

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Влатко Стефановски со концерт во Скопје одбележа 50 години музичка кариера

Дејан Дејан

Врзан за бандера бара правда и помош за настраданите во Кочани

Дејан Дејан

Трошановски: Сè уште е доминантно расположението на граѓаните за ЕУ, сè помалку веруваат дека реформи би нè донеле таму

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе