Ковид19 Македонија Топ вести

5 починати, 159 нови случаи коронавирус во последните 24 часа

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2018 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на Ковид-19. Починати се пет лица, а оздравени 212 пациенти.

Починати се пет лица, пациентка од Скопје (61г), двајца пациенти од Дебар (43 и 86г), пациент од Кичево (62г) и пациент од Демир Хисар (70г). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Во Скопје регистрирани 45 нови случаи, во Куманово-26, Дебар-9, Штип-10, Прилеп-12, Тетово-5, Струга-4, Велес-4, Битола-2, Охрид-2, Кавадарци-7, Гостивар-6, Гевгелија-3, Струмица-4, Крива Паланка-6, Кочани-2, Пробиштип-2, Пехчево-3, Берово-1, Делчево-3, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-1.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 212 оздравени пациенти од: Скопје-35, Куманово-42, Штип-49, Прилеп-3, Тетово-10, Струга-2, Битола-4, Охрид-1, Гостивар-45, Струмица-2, Крива Паланка-1, Радовиш-6, Пробиштип-6, Македонски Брод -3, Свети Николе-1, Кичево-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14 163,  бројката на оздравени пациенти е 10 933, на починати е 590, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2 640.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вашингтон соопшти: Постигнат е трговски договор со Кина

Дејан Дејан

Индија и Пакистан постигнаа договор за прекин на огнот

Дејан Дејан

Полицајците излегуваат на протест – бараат повисоки плати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе