Вести Култура

Бурни реакции за спомен плочата на Мајка Тереза

Самата спомен плоча нема ниту идејно, ниту концептуално решенеие, реагира новинарката Дијана Тоска, креатор на химната за Света Мајка Тереза. Според Тоска несфатливо е на самата плоча да биде поставено името на донаторот,  доколку се има предвид хуманитарниот аспект на добротворни цели, Донаторите  никогаш не го пишуваат нивното име и ако го сторат тоа во смисла на добротворна цел, вели Тоска.

Тоа е една маскарада направена. Јас не знам како може да дозволи Град Скопје да направи такво нешто во центар на град Скопје, а посебно кога се работи за една личност каква што е Мајка Тереза, не се игра со чувствата на граѓаните. Јас не знам како може некој да дозволи дали е тоа претседателот на општината или потпретседателот или Институтот, не знам кој стои зад тоа, вели  Дијана Тоска.

 

 

Градот Скопје на ниту еден начин освен што асистираше на Здружението не партиципираше ниту во изгледот, ниту во обработката на спомен обележјето. Станува збор за две плочи кои што биле и претходно, ние всушност помогнавме тие да се стават. Местото на раѓање на Мајка Тереза е приватен имот продаден во криминална продажба и е дел од локација каде што треба да има Шпански скали. Градот Скопје е заинтересиран конечно да има разврска на кривичниот предмет и раскинување на договорот за продажба на Скопскиот плоштад, изјави градоначалникот Шилегов. 

Во изјава за КОХА Серечи кој е воедно и истражувач на животот и делото на Мајка Тереза вели дека поставувањето и изгледот на таа плоча се дискутабилни поради неколку причини, вклучувајќи ја и одговорноста на Асани, директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците.

Таа спомен плоча не е само грда, туку е и хорор. Она што се случува на плоштадот во Скопје е прво поради незнаење, второ заради личните интереси. Скендер Асани е експерт за Холокаустот, протестантите и католиците, вели Антон Серечи. 

 Дилема е зошто кога државата доделува финансиски средства на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците  преку Министерство за образование и наука  и Министерството за култура самиот Институт не конкурирал со проект за таа намена во годишната програма.  Телма се обиде да стапи во контакт со Скендер Асани, директор на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците , но тој не одговараше на телефонските повици.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Трамп: Изборот на американски папа е „голема чест“ за САД

Дејан Дејан

УНИЦЕФ: „65 до 70 проценти“ од целиот водоводен систем на Газа е оштетен

Дејан Дејан

Русија прославува 80 години од Денот на победата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе