Вести Македонија

Скопјанецот Виктор Драгомански уапсен на Малта како осомничен за убиство на двајца

Виктор Драгомански, обезбедувач на угостителски објект на Малта е уапсен под сомнение за двојно убиство извршено во островската држава, објави TVM од Малта.

Драгомански според првичните податоци е македонец од Скопје, а за двојното убиство извршено пред 8 дена исто така е осомничен албанскиот државјанин Даниел Мука.

Според медиумите на Малта, Драгомански се криел во хотелот Гзира каде е уапсен.

Жртвите на двојното убиство се партнерска двојка хомосексуалци, др Кристијан Пандолфино и британецот со полски корени Ивор Мациејовски. Двајцата се убиени пред 8 дена, едниот е најден на првиот кат во заедничкиот дом, додека телото на втората жртва е откриено на вториот кат во куќата во градот Слиема во Малта. Пред да бидат откриени убиените се слушнале истрели во куќата.

Жртвите биле во врска 4 години, Пандолфино бил лекар кој се префрлил во друга дејност и сега се занимавал со инвестирање во банки и фондови, а Мациејовски бил дилер и продавач на дела од современа уметност. Досега полицијата на Малта не соопшти детали за евентуалните мотиви за убиството за кое денеска е уапсен и македонецот Виктор Драгомански.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Молк за жртвите, пароли за правда и порака – „Системот е следен“

Дејан Дејан

Не сум сигурен дека ќе нема реконструкција во владата до локалните избори, смета Арсовски

Дејан Дејан

Рано е за предвремени избори, смета политикологот Божиновски

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе