Сојузот на средношколците, комисијата за заразни болести и министерот Филипче, денеска по втор пат се сретнаа да разговараат за старот на новата учебна година.
На состанокот присуствувале пет средношколци од различни градови во земјава – но со ист и непроменет став дека наставата треба да почне со комбиниран модел.
Според нив, важно е да се дозволи секој град и училиште да да може да избере дали ќе ги отвори учлиштата и средношколците ќе се вратат во школските клупи или да слушаат предавања од дома.
Од Комисијата за заразни болести за Телма велат дека учениците треба постепено да се враќаат назад на училиште, затоа што следи период во кој се очекува да расте бројот на заразени од корона вирусот.
Тие утрово со средношколците разговарале за епидемиолошката состојба во земјава, и кои си ризиците ако наставата од септември од он- лајн се префрли во училна.
Инаку Сојузот на средношколци претходно најавија протестен марш за во понеделник, бидејќи не се согласуваат со одлуката за целосна онлајн настава и бараат комбиниран модел, онаму каде што дозволуваат условите. А и покрај состаноците со Комисијата нема да се откажат од намерата за една недела да излезат на протест пред МОН.
Теодора Цветковска