Вести Македонија

Четворица починати, 78 новозаразени од КОВИД 19

Четворица починати, 78 новозаразени и 40 оздравени е најновиот биланс од Ковид – 19 здравствениот билтен.

Девет отсто од 860 направени тестови се позитивни, а најмногу  28 новозаразени има во Скопје, додека во останатите 16 градови бројката на нови случаи е едноцифрена. Од починатите –  двајца пациенти се од Гостивар на 71 и 82 години и 73 годишна пациентка од Тетово. Двајца се починати во болница, а еден вонболнички услови. Почина и пациентка од Куманово на 68 години, примена во амбуланта на Инфективна клиника без срцева акција, а по обидот за реанимација констатирана е смрт.

Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2995.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се урна дел од надстрешница на „Кнез Михајлова“

Дејан Дејан

Народна банка: Сѐ повеќе граѓани плаќаат со платежни картички

Дејан Дејан

Пред два месеци заврши тендерот за инсулин, а уште немаме терапија, реагираат дијабетичарите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе