Вести Македонија Најважни

Утре седница за собраниски потпретседатели, владата ќе се гласа в недела

Нема промени во списокот на миниситри на ДУИ. Неофицијалните информации на Телма се дека и покрај внатрепартиските несогласувања, Али Ахмети  нема да се откаже од предлогот Бујар Османи да биде шеф на дипломатијата, а Артан Груби прв вице-премиер се потврдија како точни. Во изјава за Телевизија Клан – Македонија, лидерот на  ДУИ Али Ахмети, потврдил дека нема промени во тимот со кој партијата ќе биде застапена во Владата.

„Преговарачките тимови на СДСМ и ДУИ денеска ги завршиле и усогласиле предизборните програми на обете партии со спојување во заедничка програма на владата на премиерот Зоран Заев која се очекува да биде изгласана во следните денови“ – јави телевизијата.

Со тоа, според информации на Телма се отвора и патот до седницата за гласање на Владата, на кој ќе му претходат неколку чекори: прво седница за утврдување на бројот на потретседатели,  потоа оставки на пратениците – кандидати за министри и верификација на мандатот на новите, по што би следело и официјално доставување на предлогот за состав на Владата до Собранието.

Претседателот на Собранието Талат Џафери за утре во 11 часот веќе закажа седница за утврдување на бројот на потпретседатели. Неговиот предлог е законодавниот дом да има пет потпретседатели што е изворна надлежност на спикерот.  Според Деловникот – „потпретседателите се избираат од редот на пратениците кои припаѓаат на различни политички партии застапени во Собранието“, но кои се партии ќе имаат потпретседатели се уште не е утврдено и нивниот избор веројатно ќе се случи на друга седница.

Од владејачката СДСМ за Телма потврдија дека оставки утре ќе поднесат и седумтемина пратеници- кандидати за министри, вклучително и мандатарот Заев. Во Собранието во овој момемт е пристигната само оставката на пратеникот Флорин Бесими, брат на Фатмир Бесими од ДУИ, кој е предложен за министер за финансии.

Доколку утре се заврши се – се констатираат оставките на пратениците- кандидати за министри и се верифицираат мандатите на новите, можно е веќе в среда, а најдоцна во четврток , мандатарот Зоран Заев да го достави до Собранието и предлогот за состав на нова Влада. Седницата за избор на Владата, според неофицијални информации на Телма се планира да биде закажана за в сабота,  што значи дека според Деловникот таа би требало да биде изгласана во недела на полноќ.

Сепак оваа динамика ќе зависи пред се од темпото на верификација на мандатите на новите пратеници, што мора да се одвива низ специфична процедура, поради потребните 61 глас.

Боби Христов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Денеска се одржува ,,Марш на ангелите” во Кочани

Дејан Дејан

Тројца отповикани и двајца со истечен мандат остануваат како в.д. амбасадори

Дејан Дејан

Истрагата за трагедијата во Кочани продолжува со распит на сведоци

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе