Македонија

Со заштитни маски, визири и дезинфекција започнаа уписите на Универзитет „Гоце Делчев“

Со држење на дистанца од над два метра, заштитни маски, визири и дезинфекциони средства почнаа уписите на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“ на отворените пунктови во Штип, Струмица, Скопје, Гевгелија и Кавадарци. Идните студентите изминатиот месец на електронската платформа можееа да си направат и профил.

Првиот уписен рок на 12-те факултети и трите академии е до 1-ви септември.  Универзитетите годинава ќе очекуваат помал број на студенти, завршените матуранти се и првите кои стартуваат со новата девотелетка, а и настаните во  2001 година имале и влијание во однос на новорените деца. Анализите покажуваат дека годинава  има  околу 12.000 завршени средношколци. Универзитетите се уште немаат ансоки од Министерството за образование како ќе се одвива наставата.

На штипскиот универзитет слободни места има за 3.800 студенти на 90 студиски програми на 12 факултети и три академии.

Викторија Јованова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје и Скопскиот регион зафатени со врнежи од дожд и засилен западен ветер

Дејан Дејан

Муцунски: Македонија ја подржува иницијативата за формирање на воен суд во Украина

Дејан Дејан

Да не му тропнат истражители на врата на Али Ахмети, со Таравари ќе пие кафе за разделба, Мицкоски со пораки за двајцата партиски лидери од спротивната страна на власта

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе