Македонија

Скопјани не можат да здивнат од комарци – Градот закажа вонредно прскање

Влагата го наполни Скопје со комарци, а задутре ќе има вонредно прскање на територија на градот.

Ова го велат од службите на Град Скопје откако изминатите денови Скопје е под опсада на инектите кои се особено чести во тропските подрачја, но живеат насекаде.

Луѓето и самите велат – нема спас од комарците. Ни средствата за заштита не помагаат. Други се пошегуваа дека иако има многу комарци, нив не ги каснуваат. Но, сите го повикаа градоначалникот да реагира.

Од Град Скопје велат дека досега повеќе пати е прскано против комарци и тоа со високо квалитетно средство. Четири пати авионско прскање, четири пати од земја. Последен пат се прскало завчера, од земја.

Поради изразената влага во вегетацијата која придонесува за поголемо размножување, во консултација со надлежните здравствени служби, Градот Скопје донесе одлука во вторник да спроведе вонредно прскање против комарци. Последната фаза од авионското прскање беше изминатата недела, односно на 15 и 16 август, а терестичната дезинсекција се одвиваше од 17 август до 21 август, соопшти град Скопје.

Ова не е првпат скопјани да не можат да здивнат од комарците, ниту пак слободно да шетаат надвор.

Од Градот речиси секогаш тврдат дека природа е во прашање и зголемената влага значително придонесува кон тоа. Имаше случаи и на задоцнети тендери и задоцнето прскање.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Недоволен буџет за здравствена заштита и застој во изградбата на нови болници, регистрираат ревизорите во извештајот за 2023

Дејан Дејан

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Прогласена вонредна состојба во Чучер Сандево- нов пожар кај село Кучевиште во близина на куќи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе