Македонија

6 починати, 159 нови случаи корона вирус од 1733 тестирања

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1733 тестирања, а регистрирани се 159 нови случаи на ковид-19. Најмногу нови случаи има во: Скопје-32, Куманово-25, Гостивар-22, Струга-15: Тетово-9, Берово-9; Штип-8, Прилеп-7.

Починати се 6 лица, четворица пациенти од Скопје на возраст 77, 80, 85 и 86 години, еден пациент од  Гостивар на 61 година и еден од Штип на 76 години. Пет од нив се починати во болнички, а еден вон болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 67 пациенти. На кислородна поддршка се 31 пациент, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 5 деца позитивни, две мајки и две деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 11 нови, вкупно хоспитализирани се 65 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ е за проширувањето, но и недостига временска рамка – кога

Дејан Дејан

ОЈО бара притвор за лицето осомничено за подметнување на пожарот во Ѓорче Петров

Дејан Дејан

Два огнени крака, еден кон Николиќ, другиот кон Ѓопчеле – силен ветар го разгоре пожарот во дојранско

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе