Спорт Фудбал

Дебитантско финале за Лопетеги и Конте

Јулен Лопетеги и Антонио Конте за прв пат како тренери ќе ги водат своите екипи во едно европско финале. Двајцата во вечерашниот дуел влегуваат со огромен респект за противникот, но се надеваат на првиот трофеј.

“Интер е екипа составена од врвни фудбалери и има тим за висок дострел во Лигата на шампионите, но сега ќе се бори за трофејот во Лига Европа. Екипата ја предводи искусен тренер и токму затоа ние го респектираме нашиот противник. Да се игра против Интер во едно финале е голем предизвик, а за да се победи потребно е да се одигра на највисоко можно ниво”, изјави Лопетеги.

“Имаме огромна желба да го однесеме пехарот во Италија. Пред натпреварот не прогласија за фаворити, но тоа мора да го докажеме на теренот. Во мечот влегуваме без оптоварување. На моите играчи им реков дека во случај да загубиме нема за што да жалиме. Ако играме подобро заслужено ќе го кренеме пехарот во спротивно ќе му подадеме рака на противникот”, рече Конте.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе