Ковид19 Свет

Нов негативен рекорд на заразени од Ковид -19 во Албанија

Со зголемниот број на извршени тестови во изминатите 24 часа во Албанија е регистриран раст на бројот на новозаразени луѓе со Ковид-19.

Од направените 864 тестови на сомнителни случаи, новиот коронавирус  е дијагностиран кај 158 лица што е највисока бројка на новозаразени во едно деноноќие. И понатаму главно жариште на болеста е Тирана каде се потврдени дури 81 случај. Во исто време оздравени се 57, а починаа двајца пациенти, информираше Министерството за здравство и социјална заштита.

Официјалните бројки потврдуваат дека во текот на месецот регистрани се над 2.420 новозаразени лица.

Во Албанија досега се направени 52.724 тестови, од кои позитивни на вирусот биле 7.812 лица, оздравеле 3.928, а починале 234 пациенти. Активни на болеста се 3.650 луѓе.

Албанското Министерство за здравство упати апел до граѓаните да избегнуваат групирања, посебно на плажите, потоа во угостителските објекти и какви било церемонии, кои би биле извор на зараза.

Опозицијата состојбата ја оценува како катастрфоална, посебно обвинувајќи го премиерот и министрите кои „наместо да се справуваат со пандемијата, август го минале на албанските плажи“.

Се потврди како неопходна потреба правењето поголем број тестови, онака како што ние апелиравме. И понатаму тврдиме дека и сега се прават малку тестови, треба повеќе од 2.000 тестови во едно деноноќие, наведе албанската опозиција.

Според официјални бројки на меѓународни организации Албанија е со најмал број направени тестови на милион жители.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Израел се заканува со еднострани мерки при признавање на палестинска држава

Дејан Дејан

Трамп го повика Киев да преговара со Моксва за прекин на огнот

Дејан Дејан

Индија ликвидирала над 100 екстремисти во напади на пакистанскиот дел од Кашмир

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе