Македонија

Работен состанок на највисокото раководство на МВР со началниците на секторите за внатрешни работи

Со оглед на специфичните услови во кои работеше Министерството за внатрешни работи во првите шест месеци од годината, односно во услови на пандемија и во период во кој требаше да се организираат предвремените парламентарни избори, задоволен сум од постигнатите резултати во работењето на полицијата, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски на денешниот работен состанок на негова иницијатива што се одржа во Охрид, заедно со началниците на сектори за внатрешни работи.

На состанокот на тема „Безбедносната состојба на ниво на секторите и насоки за подобрување на ефикасноста и ефективноста во работењето“ присуствуваа и министерот за внатрешни работи Агим Нухиу, заменик директорот на БЈБ Бесир Деари и помошниците на директорот на униформирана полиција и крим полиција.

Според Тасевски, состојбата со Ковид-19 предизвика низа промени во функционирањето на МВР, а исто така и значителни ресурси беа потрошени за успешно организирање на парламентарните избори.

– Но, и покрај тоа целокупните резултати при справувањето со класичниот и организираниот криминал е на речиси исто ниво со првите шест месеци од 2019 година. Во одредени области бележиме пад, а во некои пак има зголемен број на регистрирани случаи. Сепак, заедничко за сите области е намалување на откривачката дејност за што причина е состојбата со пандемијата, истакна директорот на БЈБ, Тасевски.

Министерот за внатрешни работи Нухиу, исто така, ги потенцираше неповолните , односно отежнати услови во работењето на министерството. Како што рече Нухиу, и покрај ваквите услови можеме да изразиме задоволство од работењето на полицијата.

– Не се регистрирани поголеми инциденти од областа на безбедноста, а поволна е и состојбата со јавниот ред и мир. За ваквата слика сите ние сме подеднакво заслужни и треба да продолжиме уште поангажирано да го одржиме високото ниво на безбедноста во државата, истакна Нухиу во обраќањето на работниот состанок.

На состанокот , од началниците на Секторите за внатрешни работи исто така беа потенцирани отежнатите услови за работа во изминатиот период, но и задоволство од постигнатите резултати.

Присутните на работната средба заклучија дека и покрај позитивните резултати треба да се продолжи посветено и поангажирано со цел подобрување и на овие резултати и зацврстување на довербата кај граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

(видео) Невообичаена сообраќајка пред Сити мол, автомобил „покоси“ семафор

Дејан Дејан

Изведување докази за убиствата на Вања и Панче

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе