Македонија

Одбраната го спори вештачењето на телефоните за 27-ми април

Тројца вработени во МВР кои ги вештачеле телефоните на обвинетите, на жешко столче во судница.  Одговараа на прашања на одбранта. Адвокатите ги спореа нивните квалификаци да вештачат дигитална форензика, откако и самите потврдија дека немаат лиценци за вештачење од Mинистерството за правда, односно дека се во фаза на нивно добивање и рекоа дека се во фаза на добивање на лиценца. Без лиценца овие нивни анализи направени со наредба за вештачење не можат да бидат валидни докази во постаката, вели адвокатот Еленко Миланов.

Законот за вештачење на кој се повикува одбраната не се однесуваа на институции како МВР туку само на физички лица, велат од обвинителството.

Овие вештачења секогаш ги изготвува МВР, судот секогаш ги прифаќа. Одбраната на вакви предмети секогаш приговара на овој момент и се повикува на Законот за вештачење, но Законот се однесува само на вешти лица како физички лица, не и на институции. Вработените во овој оддел ги имаат сите потребни сертификати за користење на потребните софтвери, кои се меѓународни признати, а ние како земја сме потписници на многу меѓународни договори со кои всушност ги прифаќаме

На денешното рочиштето за  организаторите на 27-ми април  не се слушна ништо за тоа што било пронајдено во телефоните на обвинетите. Содржината остана за утрешното рочиште. Ова вештачење се користеше и во првиот предмет за извршителите на 27-ми април. Тој предмет е по жалба во апелација. Јавна седница се одржа на крајот на мај но одлука во скоро не треба да се очекува, велат од судот. Короната и самоизолациите што го зафатија судот а подоцна и феријата го одложија носењето на одлука за на есен.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Како се случи 10.000 регистрирани членови да не го остварат правото на глас? – Деспотовски бара одговори од ЦИК за изборите во СДСМ

Дејан Дејан

Филипче: Нема да делам, туку ќе обединувам, сигурен сум дека СДСМ повторно ќе победува

Дејан Дејан

Венко Филипче, нов лидер на СДСМ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе