Македонија

Србија поставува жичана ограда на границата со Северна Македонија

На границата на Србија со Северна Македонија кај Прешево, почна поставување  жичана ограда, која би требало да оневозможи евентуални масовни илегални преминувања, објави Радио Слободна Европа, повикувајќи се на информации од локалната самоуправа во Прешево.

Шчиприм Арифи, претседател на општина Прешево, за РСЕ изјавил дека изградбата на жичана ограда е дел од договорот со ЕУ.

– Мислиме дека оградата е во функција на дополнително осигурување на границите на земјите надвор од ЕУ од бегалците, кои евентуално повторно би тргнале масовно по т.н. Балканска рута, вели Арифи.

Тој смета, гледано од тој аспект, дека оградата индиректно придонесува во процесот на евроинтеграција, но со целосно разбирање и почитување на политичките околности.

– Лично имам сериозно резерви кон таквиот третман на бегалците, рекол Арифи.

РСЕ наведува дека побарале, но не добиле одговор од Европската комисија на прашањето дали се запознаени или консултирани за подигнувањето ограда помеѓу Србија и Северна Македонија.

Повеќе информации засега не откриват ниту од Владата на Србија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе