Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев нема право без консултација со опозицијата и меѓународниот фактор да го укинува пржинскиот модел

Првата реакција на ВМРО-ДПМНЕ по договорот за нова влада е дека новата коалиција Заев – Ахмети е за продолжување на старите навики на криминал и корупција.

Што се однесува до укинувањето на пржинската влада и премиер Албанец, самиот пржински модел беше договорен меѓу опозицијата и власта, и Заев нема право без консултација со опозицијата и меѓународниот фактор, кој беше гарант на тој модел, да го укинува еднострано и да го пазари во договорот за неговата влада, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата ја нарекува новата коалициска влада, крими коалиција, за која велат дека е за еднократна употреба.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе