Северноатлантската алијансата внимателно ги следи настаните во Белорусија и е подготвена да ги заштити своите сојузници, изјави денеска Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Тој додаде дека НАТО не претставува закана за Белорусија и на распоредува трупи во регионот.
– Остануваме внимателни, строго дефанзивни и подготвени да возвратиме на секоја агресија против НАТО сојузниците, посочи Столтенберг.
Во Белорусија од 9 август, кога се одржаа претседателските избори, на кои победи Александар Лукашенко се одржуваа протести на кои се повредени стотци луѓе од кои 120 полицајци, а еден демонстрант загина. Првите денови од протестите приведени се 6.700 лица.
Вработените во белоруската национална државна Радио Телевизија тврдат дека повеќе од 200 луѓе веќе учествуват во штрајкот, пренесува ТАСС.
-Над 200 луѓе веќе им се придружија на нашите барања. Тие штрајкуваат на своите работни места, рече еден од штрајкувачите, што беше потврдено и од дриги негови колеги.
Според нив, раководството на телевизиската и радиодифузната компанија не го поддржува штрајкот.
Претходно, белорускиот министер за информации Игор Луцки изјави дека државната телевизија на Белорусија работи нормално. Изјавата ја даде по информациите дека белоруската државна телевизија се приклучила на генералниот штрајк организиран за поддршка на демонстрантите.
Во исто време, вработените во компанијата „Белтелерадио“ тврдат дека во тек е штрајк и дека телевизијата Белорусија-1 во моментот емитува стара програма.