Ковид19 Најважни Свет

Од денеска во сила нови мерки во Грцијa

Во 16 области на Грција, кои се сметаат за региони со лоша епидемиолошка слика и голема раширеност на Ковид-19, од денеска се воведуваат нови, дополнителни рестриктивни мерки, меѓу кои и ограничено работно време на угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови.

Во областите источна Македонија и Тракија и Атики, во градовите Солун, Лариса, Волос, Катерини, како и на остовите Крф, Крит, Миконос, Парос, Санторини, Родос, Андипарос, Закинтос, Порос и Кос на јавните или општествените собири и настани дозволено е присуство на најмногу 50 лица.

Од денеска, угостителските објекти, кафулињата, ноќните клубови и слично во областа Атика, поширокиот регион на Атина, како и околните острови што припаѓаат на конкретната периферија, забрането е да работат од полноќ до 7 часот наутро, мерка што веќе е во сила во одредени делови на Грција.

Во саботата се воведоа посебни мерки на островите Парос и Андипарос и се идентични со оние што беа воведени на Порос, каде што исто така ќе важи забраната за работа од полноќ до 7 часот наутро за угостителските објекти и кафулињата, на маса е дозволено да седат по најмногу четири лица, забранети се собирања на над девет лица, а маската е задолжителна и во затворените простори и надвор.

Новите мерки беа донесени на состанокот што Мицотакис го одржа со надлежните министри и епидемиолози во петокот и ќе бидат во сила до 24 август.

Во однос на туристите, од денеска, за сите оние кои во Грција ќе пристигнат со летови од Шведска, Чешка, Белгија, Шпанија и Холандија, задолжителен е негативен молекуларен тест PCR направен 72 часа пред патувањето.

Истото важи и за сите оние кои влегуваат во земјата преку копнените граници, вклучително и грчките граѓани и оние кои имаат дозвола за престој, а тестот треба да биде направен во земјата од која што влегуваат, а не во Грција.

Задолжителен негативен тест се воведува и за патувањата од Израел, а согласно издаденото упатство од грчката Агенцијата за цивилно воздухопловство, посетителите што се постојани жители на Израел одново ќе бидат тестирани и во Грција, додека пак дозволени се најмногу 600 туристи седмично и тоа само на аеродромите во Атина, Солун, на Крит и на Крф.

Од вчера, преку граничниот премин Какавиас со Албанија дневно е дозволен влез на најмногу 750 лица.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Политички актер кој прифатил сервилност во Владата, вака Села ги коментира изјавите на Таравари

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа со името Лaв XIV

Дејан Дејан

Американецот Роберт Превост е новиот папа на Римокатоличката црква

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе