Ковид19 Свет Топ вести

Словенија в четврток ќе одлучи каков режим за влез ќе применува

За евентуални ограничувања за влез на патниците од Хрватска во Словенија поради зголемениот број случаи на „увоз“ на коронавирус, Владата ќе донесе одлука в четврток, изјави портпаролот Јелко Кацин, за Словенечкото радио.

Ќе почекаме до вторник да ги видиме резултатите од тестовите спроведени во понеделникот, и доколку до тогаш нема промена во начинот на работа на ноќните клубови и локалите во Хрватска, ќе мора да ограничиме увезени инфекции на некој начин, рече Кацин, додавајќи дека во тој случај, Владата ќе донесе одлука за предлогот на епидемиолозите в четврток.

Управникот на Хрватскиот институт за јавно здравје, Крунослав Чапак, во четвртокот објави дека сите кафулиња и клубови можат да работат до полноќ.

Кацин додаде дека од 15 случаи на инфекција потврдени во Словенија со тестирање во саботата, најмалку осум биле пренесени од Хрватска и дека ноќните клубови се се уште најголем извор на случаи донесени во Словенија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Таткото Спасески се жали дека мајката го попречува да го види неговиот син

Дејан Дејан

Тројца кандидати го минаа филтерот за Европскиот суд за човекови права

Дејан Дејан

И политичарите собираа ѓубре – заедничка акција за почиста Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе