Свет

ЕУ ја повикува Анкара „веднаш“ да прекине со истражувањата во Медитеранот

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел, ја повика денеска Анкара „веднаш“ да ги прекине своите истражувања за наоѓалишта на природен гас во Медитеранот, откако Турција објави за проширување на своите активности.

Соопштението на Анкара „за жал ги зголемува тензиите и несигурноста“, нагласува Борел во изјавата.

„Поради тензиите во источниот Медитеран, објавата ги поткопува напорите за продолжување на дијалогот и преговорите и е спротивна на смирување на ситуацијата, што е единствениот пат до стабилност и трајни решенија“, како што повторија министрите за надворешни работи на ЕУ во петокот на виртуелната средба.

Борел ги повикува турските власти веднаш да престанат со активности и со добра волја и целосно да се вклучат во широк дијалог со ЕУ.

Турција денеска соопшти дека ќе ги продолжи пребарувањата за наоѓалишта за гас во спорната зона во источниот Медитеран.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Гласање за обемниот буџет на Трамп – демократите во обид да го сменат или блокираат законот за даноци со амандмани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе