Ковид19 Македонија Најважни

Полициски час за евентуално лошо сценарио на есен

Во градовите и регионите каде ќе се влоши епидемиолошката состојба на есен, може да се врати полицискиот час.  Ова е една од рестриктивните мерки во  планот на надлежните за справување со Ковид 19 на есен. Лошо сценарио значи поголем број пациенти и од сезонски грип, кои  ќе ги окупираат истите одделенија на кои сега лежат пациенти со ковид вели министерот за здравство Венко Филипче,  во интервју за порталот мкд.мк

  • Се спремаме за лоши сценарија со многу пациенти, но се надевам дека луѓето ќе бидат свесни и дека ќе се придржуваат до превентивните мерки, па нема да имаме такво сценарио. Имаме план за дополнителни рестрикции согласно некои со мерки, ќе го промовираме наскоро. Тоа значи дополнителни рестрикции во региони каде што има појава на поголем број пациенти или е потенцијален ризик – Венко Филипче, министер за здравство.

Тоа значи дека може да се врати и полициски час како една од мерките?

  • Апсолутно може, да. Затворање на училиштата, затворање на угостителските објекти, забрана за собири и слично. Но за планот на рестрикции битен е и регионалниот пристап.

Рестриктивните мерки се непопуларни но ако расте бројот на заболени и починати ќе нема друг избор, смета микробиологот Никола Пановски.

Доколку е неопоходно да се воведуваат рестрикции, Пановски смета дека  треба да се започне со оние мерки кои не влијаат многу на економијата,  како забрана за движење навечер со што би се пречиле младите да се собираат и да ја шират болеста. Ако децата да не одат во училиште не треба ниту да се собираат, посочува д-р Пановски.

Експертите сметаат и дека оваа година, треба повеќе граѓани да се вакцинираат на сезонски грип за да има што помалку заболени со сезонски грип.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: Имаме стабилно мнозинство

Дејан Дејан

Законот за сајбер безбедност наскоро низ владина процедура, во јуни во Собрание

Дејан Дејан

Билатералните прашања да останат билетерални, а не кочница на евроинтегративниот пат – порака на шефицата на австриската дипломатија од Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе