Сите граѓани кои доаѓаат во Србија од територијата на Хрватска, Северна Македонија, Бугарија и Романија од денеска треба да имаат негативен тест за ПЦР, што не е постар од 48 часа, одлучи српскиот кризен штаб.
Таа одлука не се однесува на граѓаните на Србија кои доаѓаат од територијата на тие држави.
Донесена е одлука дека нема повеќе ограничувања за граѓаните на Црна Гора во однос на влез и додаде дека одлуката ќе стапи на сила од денеска.
– На предлог на Институтот за здравје, српската Влада донесе одлука со која за граѓаните на четири соседни земји меѓу кои :Република Северна Македонија, Хрватска, Романија и Бугарија ќе им биде потребен ПСР тест за влез во Република Србија. Одлуката за државјаните на овие четири земји меѓу кои и Република Северна Македонија ќе започне да важи од денеска, а тестот не треба да биде постар од 48 часа. За деца до 12 годишна возраст не е потребен ПСР тест, се наведува во соопштението на МВР.
Негативен ПЦР – тест стана услов за патување во земјите низ регионот, со исклучок на Албанија и на Турција. Условот не важи за транзит низ земјите при влез на граничен премин за воздужен сообраќај, како и на копнен граничен премин, но потребно да се потпише изјава за транзит и да се напушти односната земја во рок од три часа.